Колку пати ви се случило да отидете на патување со полн куфер, а потоа да не носите половина од работите што сте ги земале?
Ако досега сте се соочиле со овој проблем, би можел да ви помогне методот за пакување кој е вирален на ТикТок, а е наречен „333“.
Имено, методот „333“ е создаден од инфлуенсерката Рејчел Спенсер, чија намера била на своите следбеници да им покаже дека со само девет парчиња облека – три горни и три долни и три пара чевли, можат да се создадат огромен број на модни комбинации.
@rachspeed Replying to @specialdakota another one!! this time i did an oversized blazer, pointy toe boots, cardigans and more to mix it up #tryon #falloutfits #fitcheck ♬ This Will Be (An Everlasting Love) – Natalie Cole
Со оглед на тоа што нејзиното видео брзо стана вирално, нејзините следбеници побараа уште вакви видеа, па Рејчел направи уште неколку слични, а во едно од нив успеа да создаде дури 19 комбинации од само девет парчиња.
Таа откри и дека методот „333“ го смислила пред патување во Лондон и дека најмногу го користи кога ја пакува гардеробата за патувањето.
@rachspeed the secret is a scarf as a ✨top✨i can prob carry my vacay items all in a tote!! #333outfitchallenge #packwithme #vacationoutfits #capsulewardrobe #outfitinspo ♬ Murder On The Dancefloor – Sophie Ellis-Bextor
Генијалноста на методот „333“ лежи во неговата способност да трансформира неколку парчиња облека во безброј стилски комбинации. Со комбинирање и усогласување на горните, долните делови и обувките, може без многу размислување да се премине од дневна во ноќна комбинација, од обични прошетки до елегантни вечери.