Пештерата Нути Пути (Nutti Putti) во американската сојузна држава Јута е озлогласена во спелеолошката заедница, но отсекогаш привлекувала туристи.
На крајот од 2009 година станала позната ширум целиот свет по несреќата на истражувачот Џон Едвард Џонс. Неговата смрт била опишана како „најлошата која може да се замисли“.
Џон и неговите роднини одлучиле да ја истражат пештерата која била лоцирана југозападно од езерото Јута и на околу 50 километри од Солт Лејк Сити.
Експертите подоцна изјавиле дека тој практично „жив се закопал“ бидејќи одлучил да ги истражи тесните премини, каде претходно се организирале спасувачки операции.
И покрај ризикот, Џон се вовлекол во исклучително тесен премин кој имал остар завој на крајот. За жал, тој погрешно свртел во немапиран дел, каде што останал заробен.
Несреќниот човек се нашол во пукнатина широка меѓу 25 и 45 сантиметри, заглавен наопаку и така започнал неговиот пекол, пренесува „LadBible“.
Тој не можел да се сврти, едната рака му била над главата, а другата покрај телото.
A diagram of how John Edward Jones was stuck for 27 hours in nutty putty cave before passing away. pic.twitter.com/KUnpOiY2lT
— non aesthetic things (@PicturesFoIder) March 27, 2024
Роднините излегле надвор и повикале помош, а волонтерката Сузи Мотола подоцна раскажала дека Џон бил расположен и покрај незавидната ситуација.
Ми рече: „Здраво Сузи, ти благодарам што дојде. Навистина сакам да излезам надвор“.
Како што одминувале часовите, Џон го обзела паника. Тогаш рекол: „Ќе умрам овде. Нема да излезам одовде, нели?“.
Повеќе од 1.000 спасувачи се обиделе да го извлечат несреќниот маж, користејќи јажиња, но напорите не вродиле со плод. Еден од нив му пришол на Џон и го прашал како се чувствува.
„Ужасно. Не ми се верува дека сум наопаку. Нозете ме убиваат“, одговорил тој веќе видно исцрпен.
По 27 часа напорна борба за воздух, Џон почнал да губи сила. Спасувачите го слушнале како плитко дише, но не можеле да му помогнат.
На крајот, бил прогласен за мртов на 25 ноември, откако срцето му застанало.
Надлежните сметале дека е премногу опасно да се обидат да го извлечат безживотното тело, па одлучено било влезот во пештерата да се бетонира.
Пештерата Нути Пути станала гробница на Џон Едвард Џонс, а неговата трагедија служи како предупредување за сите спелеолози во светот.