Англичанецот Бен Рид одлучил да ги направи сите нешта кои ги излудуваат Италијанците и да ги сними нивните реакции, а видеото стана хит на социјалните мрежи и доби милиони прегледи.
Бен одлучил да им приреди „незамисливи ужаси“ на Италијанците кои за нив се како смртни гревови, а на видеото напишал: „Сите Италијанци кои ги налутив во 2023“.
Сечел шпагети, ставал кечап на пица…
Можеби еден од најголемите „гревови“ е оној кога ги исекол шпагетите со ножици пред шокираниот келнер. Бен ставал и кечап на пица поради што келнерката се фатила за глава, а се „осмелил“ да стави и коцка мраз во црвено вино, па келнерот луто му ја одзел чашата.
A TORRE DE PISA HAHAHAHAHAHAHAHAHAHHA pic.twitter.com/4VuOGG7Bd6
— sasha (@lobotosasha) January 3, 2024
Тој јадел пица како да е тако, запеал со неколку момци на улица и направил перверзна фотографија со кулата во Пиза. Иако е јасно дека станува збор за скеч, видеото ги насмеа луѓето на интернет.
„Келнерите само што не повикале полиција“, „Го ризикува својот живот правејќи го ова“, „Ова е ултимативен водич како да ги налутите Италијанците“, се дел од коментарите.