Занимливости традиција

Традиција, обичаи, ритуали и правила: Што треба да има на секоја Бадникова трпеза

Денеска славиме Бадник. Бадниковата трпеза е разновидна, но скромна и е наменета за членовите на семејството, за во мир и спокој да се дочека веста за Христовото раѓање.

Традиција, обичаи, ритуали и правила: Што треба да има на секоја Бадникова трпеза

Денеска славиме Бадник. Бадниковата трпеза е разновидна, но скромна и е наменета за членовите на семејството, за во мир и спокој да се дочека веста за Христовото раѓање.

Ова се некои од продуктите кои најчесто ги има на трпезата:

Лепче со паричка

Лепчето замесено со сода или квасец, има централно место на трпезата на Бадник. Во него се става паричка. По желба, се украсува со фигури како житни класови, цвеќе, крст и друго.

Суви пиперки со грав и/или посна сарма со зелка

Една од најчестите варијации на макало се сувите пиперки со грав или со гмечени варени компири. По желба, можете да послужите и посна сарма.

Овошје (јаболка, ореви, костени, банани, мандарини)

Во минатото на Бадник се кршеле оревите кои биле наречени за секој член од семејството. Ако јатка им е бела и голема, човекот ќе биде здрав и ќе има среќа во текот на годината. Овошјето е симбол на скромноста, но и разновидноста.

Печена тиква

Важно е трпезата за Бадник да има и нешто слатко за да е благ животот на семејството во текот на следната година. Медот е носител на мудроста на пчелите затоа него можете да го ставите врз печената тиква.

Посни десерти

Баклава, шеќерпаре, гурабии… Не може да помине празнична трпеза без вкусен десерт.

Лук

Лукот има ритуално значење. Според традицијата, тој штити од зло и болести. Верувањето доаѓа од научните докази за антибиотските својства на лукот.

Секако, не изостанува ниту посната пита со праз, благите пити со јаболка, посни салати, а по желба, може да се подогтви и риба.

To top