Занимливости истражување

Родителите пингвини спијат над 10.000 пати дневно по 4 секунди

„Ако „микроспиењето“ исполнува функција за одмор, тогаш животните кои треба да бидат будни треба да ја практикуваат оваа стратегија за спиење“, се вели во студијата.

Родителите пингвини спијат над 10.000 пати дневно по 4 секунди

Повеќето родители имаат проблем со недостаток на сон, но некои видови животни кои имаат младенчиња најдоа начин како да се одморат. Според новото истражување, објавено во списанието Science, родителите од видот кралски пингвин имаат над 10.000 дремки дневно кои траат многу кратко, приближно четири секунди.

Истражувачи од неколку земји, предводени од Истражувачкиот центар за невронаука во Лион, Франција, ја спроведоа студијата набљудувајќи ги овие пингвини и користејќи далечински мониторинг на електроенцефалограм (ЕЕГ), кој ги детектира промените во активноста на мозокот.

Откриено е дека пингвините имале 10.000 дремки по четири секунди, што е околу 11 часа сон во текот на денот.

Freepik

Овој сон, иако е „фрагментиран“, истражувачите го сметаат за соодветен за родителите пингвини.

„Ако „микроспиењето“ исполнува функција за одмор, тогаш животните кои треба да бидат будни треба да ја практикуваат оваа стратегија за спиење“, се вели во студијата.

Иако „микроспиење“ е забележано и кај други видови, вклучувајќи ги и луѓето, ова откритие е невообичаено за пингвините.

Се верува дека овој тип на сон е прилагоден на потребата на родителите пингвин да бидат постојано внимателни и да го штитат своето јајце додека се уште одмораат.

To top