Занимливости наса

Ретка вселенска снимка од месечината Амалтеја крај Јупитер

Сондата „Џуно“ на американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА го сними Јупитер за време на 59-то блиско минување покрај џиновската планета. На една слика од Големата Црвена Дамка, неочекувано, се гледа и малата месечина Амалтеја…

Телото е со пречник од само 84 километри, и на снимката се наоѓа веднаш до Црвената Дамка.

Амалтеја, инаку, е еден од најтоплите објекти во Сончевиот Систем и досегашните набљудувања покажуваат дека испушта повеќе топлина отколку што прима од Сонцето. Ова можеби се должи на моќното магнетно поле на Јупитер, поради што набојот на електрични струи во јадрото на оваа месечина е поголем.

Џуно (НАСА): Амалтеја

Откритието од фотографиите е на независниот научник Џералд Ајхштат, кој користел необработени податоци од камерата „Џунокам“ на сондата.

Леталото „Џуно“ кружи околу Јупитер веќе седум години. Леталото го проучува потеклото и развојот на таа планета со набљудување на нејзиното јадро, мапирање на магнетното поле, мерење на нивото на вода, на амонијакот во атмосферата итн. Меѓу откритијата е и тоа дека на планетата има слоеви вода под облаците и ветровите. „Џуно“ ги проучува и природните сателити и прстените на Јупитер.

Мисијата се очекува да трае уште една година, додека не изгори кога ќе се приближи премногу до атмосферата на големата гасовита планета.

To top