Занимливости УЛТРА БРЗА ПОСЛАСТИЦА

РЕЦЕПТ за највкусни СИТНИ КОЛАЧИ готови за 15 минути: Плазма чоко-стапчиња без печење

РЕЦЕПТ за највкусни СИТНИ КОЛАЧИ готови за 15 минути: Плазма чоко-стапчиња без печење

Овие колачи се приготвуваат за миг и уште побрзо се јадат!

Можете да ги направите и во посна варијанта.

Состојки:

  • 100 мл млеко

  • 100 г путер

  • 100 г млечна чоколада

  • 250–280 г мелен плазма-кекс

  • 80 г шлаг

  • 80 мл ладна вода (од фрижидер)

  • 2 лажички крем

Приготвување:

  1. Во тенџере ставете 100 мл млеко, 100 г путер и 100 г чоколада и загревајте додека чоколадата и путерот се стопат.

  2. Тргнете го тенџерето од ринглата и постепено додајте 250–280 г мелен кекс. Измешајте добро.

  3. Ставете ја смесата во намачкана тепсија или обложена со проѕирна фолија (21×15 см) и израмнете ја површината.

  4. Врз филот ставете изматен шлаг со 2  лажички еурокрем. Наместо шлаг, можете да користите и топла чоколадна глазура.

  5. Оставете го колачот во фрижидер да се стегне, па исечете го на правоаголни стапчиња.

To top