Занимливости Најчесто користени зборови

Разберете ги младите: Речник на генерацијата З – Што е делулу, сус, спојловање?

Разберете ги младите: Речник на генерацијата З – Што е делулу, сус, спојловање?

Познатата инстаграм страница „Дневна доза правопис“ објави список од дваесет изрази кои младите ги користат секојдневно, а кои кај постарите генерации предизвикуваат збунетост.

Нешто е „кринџ“, пријателот е „делулу“, и видео станало „вирално“ – ова се само дел од изразите кои се слушаат во секојдневниот говор, и тоа главно од генерацијата З (средина на деведесеттите, до раните 2000-ти години.

Оваа генерација создала мешавина од англиски сленг и домашна граматика, и овие зборови постепено стануваат дел од секојдневниот говор на младите. Споменатата страница одлучила да ја реши оваа мистерија и да им објасни на „постарите“ што значат 20-те најпопуларни зборови кои се користат во секојдневниот говор, напиша порталот Телеграф. Тие објавиле мини-речник, бидејќи вистинското значење на многу од зборовите од списокот не било познато на пошироката јавност.

Значење на најчестите изрази користени од генерацијата З:

· Кринџ – чувство на непријатност предизвикано од туѓо однесување

· делулу (од delusional) – личност која има нереални или неосновани надежи

· ЕН-ПИ-СИ (NPC – non-player character) – небитна личност, личност без став и влијание

· флекс – покажување на нешто со цел да се фали, како богатство или успех

· слеј – кога некој прави нешто феноменално или изгледа особено добро

· дигиталец – личност која постојано е на телефонот и се смета за неспособна или заостаната

· риз (rizz – од charisma) – способност за флерт, харизма, личен шарм

· синовати – прочитување порака без да се одговори на неа

· краш – симпатија, личност кон која се чувствува привлечност

· хајп – голема возбуда или помама околу некоја тема, производ или содржина

· вирално – содржина која брзо се шири на интернет и социјалните мрежи

· рандом – случајно, произволно

· Пик ми (pick me) – личност која се труди да се покаже како различна или посебна за да привлече внимание од спротивниот пол

· сус (од suspicious) – сомнително, нешто што предизвикува недоверба

· сигма – самоуверен и успешен маж, со силна индивидуалност

· спојловање – претходно откривање на детали за тоа што ќе се случи во филм, серија или книга

· гејткопување – намерно криење информации за нешто што на некого му се допаѓа

· ПОВ (point of view) – користи се за да се опише одредена ситуација од перспектива на одредена личност

· Л (loss) – пораз, неуспех или бламажа

· В (win) – победа, успех, позитивен исход

По објавата имало бројни коментари. Едни посочиле дека ова е нормална појава и дека секоја генерација има свои специфични изрази кои на постарите им звучат чудно, други пак рекле дека во современата комуникација веќе се користат премногу зборови преземени од англискиот јазик и дека многу од нив звучат неприродно или чудно.

To top