Занимливости вулкан

Прекини на летовите на Сицилија поради ерупцијата на Етна

Вулканската активност е забележана во чести интервали од почетокот на јули.

Прекини на летовите на Сицилија поради ерупцијата на Етна

Главниот аеродром на италијанскиот остров Сицилија денеска ги запре летовите поради вулканската активност на планината Етна.

Како резултат на утринската вулканска активност, кризниот штаб нареди затворање на секторот Б1 и намалување на бројот на пристигнувања на шест летови на час, соопштија од Аеродромот Катанија.

Етна, еден од активните вулкани во јужна Италија, кој се наоѓа на островот Сицилија и чија висина изнесува околу 3.030 метри, повторно исфрла пепел и лава. Вулканската активност е забележана во чести интервали од почетокот на јули.

To top