Поранешниот норвешки ММА борач, а денес бестрашен нуркач Кен Сторнс, постави рекорд со скок во замрзнато езеро од карпа висока 40,5 метри.
35-годишниот Сторнс го привлече светското внимание објавувајќи ги своите скокови во ледените езера во Норвешка. Роден во Харстад, Норвешка, тој се приклучил на армијата и таму поминал пет години, а одредено време поминал борејќи се во Авганистан.
По воениот тренинг станал ММА борач, но и таму не се задржал долго. Тој сега е љубител на екстремното нуркање во замрзната вода и го подигна спортот на ниво досега невидено.
Сторнс скокна во замрзнато езеро во Норвешка од карпа висока 40,5 метри, што е нов светски рекорд и со тоа го надмина досегашниот рекордер, Французинот Ком Жирардот (34,5 метри).
Вели дека е вистински Викинг и дека му е непријатно кога не го чувствува студот. Тој е многу популарен на социјалните мрежи и има повеќе од 700.000 следбеници на Instagram.
„Сакам кога ми е непријатно. Ако ми е удобно долго време, тоа ме оптоварува. Тешката воена обука на минус 25 степени ме натера да се заљубам во студот“, се неговите познати зборови.
Инаку, спортот што сега го игра во Норвешка се вика „додс“. Станува збор за оригиналните норвешки екстремни скокови кои биле создадени во 1960 година, а ги изведувале млади мажи од 10-метарска отскочна даска за да ги импресионираат девојките.
Од оваа активност се роди спортот додинг (што во превод значи смрт), а Кен Сторнс стана вистински крал на овој спорт.