Видеоснимка споделена на Инстаграм, што прикажува луксузен пентхаус во една од највисоките станбени згради во Њујорк, САД и во светот, стана хит на интернет.
Се работи за кулата „Централ парк“ на Менхетен, висока 472,4 метри, а ова е највисокиот дуплекс-пентхаус во светот, со површина од 1.012 квадратни метри, осум спални соби и девет бањи.
Вредноста на станот се проценува на 140 милиони евра.
Панорамата гледа кон центарот на градот и целиот Централ Парк. Сепак, ова не е најскапиот стан во зградата. Има уште еден, којшто зафаќа три ката и има исто толку луксузен мебел, а продаден е за 233 милиони долари.