Многу авиокомпании ширум светот бараат пилотите воопшто да немаат брада, во ниеден облик. Зошто е тоа така?
Доколку има влакна на лицето, пилотот би можел да го загрози, пред сè – својот живот, а така и животот на другите. Видеоблогерот Зек Д. Филмс сподели симулација за тоа што сѐ може да тргне наопаку кога пилот со брада управува со авион…
-Кога пилотот става маска за кислород во итни случаи, таа цврсто се прилепува на лицето. Ова е клучно за да се обезбеди вистинската количина кислород. Така, ако пилотот има брада, влакната на лицето ќе спречат маската да се затвори правилно – предизвикувајќи протекување кислород и можни несреќни последици. Затоа обично никогаш не гледате пилот со брада, објасни Зек.
Според воздухопловната компанија „ХРД аеросистемс“, пилотите, копилотите и членовите на кабинскиот екипаж користат посебни маски за кислород, „бидејќи имаат дополнителни одговорности и ризици“, за разлика од оние наменети за патниците. Оние кои се одговорни за летање со авион мора да носат маски и во некои неитни случаи, на пр. кога се сами во пилотската кабина – затоа што би можеле да заштедат неколку драгоцени секунди во случај на невоља.
„Исто така, мора да носат маска во секое време кога притисокот во авионската кабина одговара на оној на 10.000 стапки (околу 3.000 метри висина, з.п.). Пилотите, исто така, може повремено да ги користат нивните маски за кислород за да го подобрат ноќниот вид. Количината кислород во авион под притисок е под нивото на онаа на земјата“, додаваат од компанијата.
На пониско ниво на кислород, се вели, ноќниот вид се намалува. Пилотите често користат маски за видливост и додека се подготвуваат за слетување.
View this post on Instagram