Со години, белите патики се во мода – лесни се, сигурни и одат со речиси сè. Но, во последно време, сè повеќе модни стручњаци препорачуваат малку поразиграни тонови. Следат боите и нијансите коишто познавачите ги предвидуваат за годината која штотуку започна.
Доматно-црвена
Оваа боја моментно го освојува стилот. Светла, но безвременска, најдобро функционира на чисти, минималистички силуети каде што нијансата навистина може да блесне. Внесува енергија во, вообичаено едноставнииот избор и изглед – со фармерки, секојдневен џемпер и плетен додаток, пишува српскиот портал „Политика“.
Сенф-жолта
Пригушена и „ретро“ - сенф-жолтата боја се чини како природна еволуција на трендот на патики. Често гледана на патики од велур, оваа нијанса го дава и оној истрошен изглед. Се комбинира со темносина, кафеава, но и меки неутрални бои.
Розова
Разиграна, но софистицирана, меката розова е нијанса што докажува дека патиките не мора да бидат „сериозни“. Најчесто се комбинираат со бела, но и некои похрабри бои.
Светлосина
Оваа нијанса нуди помек пристап кон шарените патики. Тоа е топла и свежа боја и совршено се комбинира со тексас, и нешто сиво, се вели во напис на „Дејли мејл“.
Топло бело
Ако не сте подготвени целосно да ги заборавите белите патики, топлата бела е решението. Со кремасти нијанси и суптилни контрастни детали, оваа нијанса делува пообмислено од класичното бело, а воедно се носи подеднакво убаво.