Занимливости загатка

Оваа загатка можат да ја решат само 5% од најпаметните луѓе на светот – дали сте меѓу нив?

Загатката на кралот кој немал кралица и наследници е позната во англосаксонската култура со децении. Неодамна доживеа „нов живот“ на TikTok со тврдење дека само 5% од луѓето успешно ја решаваат. Еве која точно загатка е таа.

Кралот немал синови, ќерки или кралица.

Поради ова, тој морал да одлучи кој ќе го преземе тронот по неговата смрт. За да ја донесе оваа одлука, тој решил на секое дете во кралството да му даде по едно семе.

Детето кое ќе ја одгледа најголемата и најубавата билка ќе стане наследник на тронот, што било метафора за кралството.

На крајот од натпреварот, сите деца дошле во палатата со нивните огромни и прекрасни растенија во рацете.

Кралот ја погледнал секоја тегла и одлучил дека девојчето со празната тегла ќе стане следната кралица.

Зошто го избрал ова девојче наместо другите деца со нивните прекрасни растенија?

@pearl.dock #quotes #psychology #mindset #riddle #genius #foryou ♬ original sound – Elevate your mindset.

Решение на загатката:

Кралот го избрал девојчето со празната тегла затоа што таа била единствената која била искрена.

Семињата што кралот им ги дал на децата биле варени или на друг начин станале неплодни, така што тие не можеле да ‘ртат.

Децата кои донеле големи и убави растенија очигледно ги замениле семките со некое друго, плодно семе, со што мамеле во натпреварот.

Малото девојче, пак, го засадило семето кое ѝ било дадено, но кога ништо не пораснало, ја донела својата празна тегла кај кралот, покажувајќи ја својата чесност и искреност.

Кралот овие особини ги сметал за најважни за еден иден владетел.

To top