Занимливости Ненаселен остров

Ова е „најосаменото место“ на планетата: Каде се наоѓа Точката Немо?

Според некои проценки, досега од Земјината Орбита на ова „вселенско ѓубриште“ се спуштени околу 300 сателити.

Ова е „најосаменото место“ на планетата: Каде се наоѓа Точката Немо?

Точката Немо важи за најоддалечената точка во Тихиот Океан, позната и како „најосаменото место“ на планетата Земја. Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА го користи овој ненаселен остров како еден вид „депонија“ за употребени и истрошени сателити и друг вселенски отпад што се спушта и гори при повторното свое влегување во атмосферата на Земјата.

Според некои проценки, досега од Земјината Орбита на ова „вселенско ѓубриште“ се спуштени околу 300 сателити.

До 2030 година, НАСА планира таму да ја смести и Меѓународната вселенска станица којашто се наоѓа на околу 400 километри од Земјата.

Сместен во Тихиот Океан, островот се смета најоддалечената и најизолирана точка на нашава планета, далеку од која било држава. Најблиску до оваа точка се островите Дучи и Моту Нуи (околу 2.600 километри), коишто се наоѓаат близу Велигденските Острови што му приаѓаат на Чиле. Најблиското населено место, пак, е оддалечено околу 2.700 километри.

Точката Немо се наоѓа на 48 степени и 52,6 минути јужна географска ширина и 123° 23,6′ западна географска должина.

Местото е откриено во 1992 година од страна на хрваткиот истражувач Хрвоје Лукатела. Името го добило по капетанот Немо – лик од познатиот научнофантастичен роман на Жил Верн – „2.000 милји под морето“.

Островот не е богат со храна, па животинските видови се ретки. Научниците се прилично заинтересирани за истражување на океанското дно околу островот. (МИА)

Најнови вести од Занимливости

To top