Занимливости

Откриено најголемото наоѓалиште на диносауруси во светот

Во националниот парк Торторо во Боливија, меѓу пространство од стари карпи, откриено е најголемото наоѓалиште на траги од диносауруси. На источната падина на Андите, палеонтолозите на наоѓалиштето Карерас Пампа изброиле речиси 18.000 различни траги од диносаурусите, објави „Сајенс алерт“.

Откриено најголемото наоѓалиште на диносауруси во светот

Во националниот парк Торторо во Боливија, меѓу пространство од стари карпи, откриено е најголемото наоѓалиште на траги од диносауруси. На источната падина на Андите, палеонтолозите на наоѓалиштето Карерас Пампа изброиле речиси 18.000 различни траги од диносаурусите, објави „Сајенс алерт“.

Наоѓалиштето вклучува рекордни 16.600 тропски траги распоредени во 1.321 патека, и 289 различни отпечатоци. Сите траги се од тероподите – месојадни диносауруси, но има и отпечатоци од денешните птици. Станува збор за едно извонредно наоѓалиште чијашто вредност е уште поголема поради едноставниот сплет на условите на животната средина коишто го овозможиле неговото сочувување.

-Наоѓалиштето Карерас Пампа во националниот парк Тороторо, Боливија, е извонреден збир на диносаурусови и птичји отпечатоци (фосилни траги), траги од пливање на Тероподите, траги од опашки и најразлични дупки направени од безрбетници, пишува заедничкиот американско- боливиски тим предводен од палеонтологот Раул Есперанте од Институтот за геонаучни истражувања во САД.

Наоѓалиштето Карерас Пампа некогаш бил брег на старо слатководно езеро. Иако езерото е пресушено одамна, неговото опкружување било погодно за сочување на трагите во меката кал и водата богата со карбонати. Самиот број на траги упатува на тоа дека ова езеро било важно живеалиште за животните во ова подрачје.

Што откриваат трагите? Освен вообичаени отпечатоци од стапала, наоѓалиштето ги сочувало и трагите од канџи, вдлабнатини на опашките итн. Големината на отпечатоците од стапалата варира од најмали, помали од десет сантиметри, до оние најголемите до 30 сантиметри.

-Отпечатоците од стапалата на тероподите, како и трагите од влечење на опашките се многубројни и добро сочувани во наоѓалиштето појавувајќи се на патеките на коишто можат да се најдат плитки, длабоки и многу длабоки траги“, соопштуваат научниците. „Трагите од опашките укажуваат на тоа дека диносаурусите покажувале некој вид локомоторно движење како одговор на тонење во меката подлога што довело до допирање на површината со своите опашки. Карерас Пампа сега е едно од најважните наоѓалишта на остатоци од диносауруси на светот. Содржи најголем број забележани траги од тероподите, најголем број траги од пливање и нуди редок увид на однесувањето на диносаурусите и на некогаш, успешен еко-состав. Поради сето тоа, сметаат дека треба да биде вброено меѓу најисклучителните наоѓалишта на светот, познато како фосилно наоѓалиште со исклучително добро зачувување, се истакнува во написот.

Со изобилството и исклучително зачуваните траги и отпечатоци, наоѓалиштето Карерас Пампа претставува ихнолошки битно фосилно наоѓалиште. Квалитетот, според научниците, го прават наоѓалиштето едно од најважните локалитети со остатоци од диносауруси во светот.

To top