Занимливости 145 години од раѓањето на генијалецот

Мудри мисли на Алберт Ајнштајн: „Полесно е да се разбие атом отколку предрасуда“

Кај народот името „Ајнштајн“ остана вечен синоним за човек со висока интелигенција, односно гениј. Сепак, малку е познато дека најголемиот ум на сите времиња зборувал многу подоцна од повеќето просечни деца.

Мудри мисли на Алберт Ајнштајн: „Полесно е да се разбие атом отколку предрасуда“

Најпаметниот човек на светот, Алберт Ајнштајн не сакал да зборува до својата 9-та година, но за среќа на човештвото одлучил да прозбори.

Овој човек со уникатна генијалност ја формулираше специјалната и општата теорија на релативноста со која воведе револуција во модерната физика, а покрај тоа, придонесе и за напредокот на квантната теорија и статистичката механика.

Кај народот името „Ајнштајн“ остана вечен синоним за човек со висока интелигенција, односно гениј. Сепак, малку е познато дека најголемиот ум на сите времиња зборувал многу подоцна од повеќето просечни деца.

Поточно, самиот Ајнштајн тврдел дека не зборувал пред да наполни три години и дека и тогаш тоа неволно го правел до деветтата година од животот.

Човек со уникатен поглед на светот и препознатлив црн хумор сепак решил да разговара со остатокот од човештвото, а бидејќи е роден на денешен ден (14 март) во 1879 година, објавуваме некои од неговите најпаметни мисли.

„На светот не му се заканува опасност од луѓето кои прават зло, туку од оние кои тоа го дозволуваат“

„Полесно е да се разбие атом отколку предрасуда“

„Војните ќе престанат кога луѓето ќе одбијат во нив да се борат“

„Разликата меѓу глупоста и генијалноста е во тоа што генијалноста има свои граници“

„Кога човек седи еден час со убава девојка, се чини како да е една минута. Но, нека седи една минута на жешка печка, тоа е подолго од еден час. Тоа е релативност“

„Национализмот е детска болест. Тоа се сипаници на човештвото“

„Не можеме да ги решиме проблемите на истиот начин на кој сме ги создале“

„Умот е како падобран – функционира единствено ако е отворен“

„Само две работи се бесконечни: вселената и човековата глупости. За вселената не сум баш сигурен“

„Слабост на ставот станува слабост на карактерот“

„Стварсноста е само илузија, иако многу упорна“

„Лудило: Да се правата истите работи одново и одново, а да се очекуваат различни резултати“

„Постојат два начини да го живеете својот живот. Едниот е како ништо да не е чудо. Другиот е како се да е чудо“

„Имагинацијата е поважна од знаењето. Знаењето е ограничено. Имагинацијата го опкружува светот“

„Ако нешто не можеш да му објасниш на шестгодишно дете, ни самиот тоа не го разбираш“

„Логиката ќе ве однесе од А до Ш, имагинацијата ќе ве однесе секаде“

„Животот е како возење велосипед. За да ја задржите рамнотежата, мора да се движите“

„Она што е исправно не е секогаш популарно и она што е популарно не е секогаш исправно“

Најнови вести од Занимливости

To top