Сатја Грабулоски осум години црта патики за познати личности.
Кристијано Роналдо, Дуа Липа и Мајли Сајрус се дел од големите светски ѕвезди за кои досега има направено обувки. Клиенти на неговата компанија „Свитхадот студиос“ (Swithadot Studios) биле и пејачот на „Уан рипаблик“, фудбалерот Серхио Рамос, како и продуцентот и диџеј Стив Аоки, со кого најави и деловна соработка, пишува Блумбер Адриа.
Грабулоски требало да црта патики и за Коби Брајант, но дента кога имал закажано состанок со тимот на Лос Анџелес лејкерс се случила хеликоптерската несреќа во која кошаркарот загина. Обувките за кои имал подготвено и скица никогаш не ги направил.
На оваа тема прилог направи и ТВ Стар во кои се вели и дека Роналдо откако ги видел патиките, наместо да завршат во неговиот музеј, тој му ги подарил на својот син.