Крипто-претприемачот Џастин Сан денеска го исполни ветувањето што го даде откако потроши 6,2 милиони долари на уметничко дело „банана залепена со лента за ѕид“- јадејќи го овошјето.
Во еден од најскапите хотели во Хонг Конг, Сан пред десетици новинари и инфлуенсери откако одржа говор во кој го поздрави делото како „иконско“ и повлече паралели помеѓу концептуалната уметност и криптовалутата- ја изеде бананата.
„Ова беше многу подобра од други банани… Навистина е добар вкус“, рече Сан.