Значењето на името Марија е: Милостива, возвишена…
Денеска православните верници го одбележуваат празникот на света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените.
Денес именден слават сите што се викаат Марија.
Името Марија е од еврејско потекло, а означува љубов, сакање, посакување…
Името има силна повразаност со православната вера, бидејќи ова име, или поточно Дева Марија во Библијата се споменува како мајка на Исус, синот Божји.
Но, на различни места го толкуваат поразлично, па има повеќе значења:
– Онаа која го љуби Бог
– Благословена
– Возвишена
– Онаа која е сакана
– Владетелка
– Господарка
– Убава
– Милостива