Занимливости коперник

Изминатата година беше трета најтопла во историјата на мерењата

Минатата година беше трета најтопла година во историјата на глобално ниво, покажуваат податоците што денеска ги објави Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ECMWF), кој раководи со климатската служба „Коперник“

Изминатата година беше трета најтопла во историјата на мерењата

Минатата година беше трета најтопла година во историјата на глобално ниво, покажуваат податоците што денеска ги објави Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ECMWF), кој раководи со климатската служба „Коперник“ (C3S).

Глобалните температури беа за 1,47 степени над прединдустриското ниво (1850-1900), што е за нијанса постудено од 2023 година и за 0,13 степени под рекордната 2024 година. Сепак, просечната температура во периодот од 2023 до 2025 година го надмина прагот од 1,5 степени над прединдустриското ниво, што го означува првиот тригодишен период во кој е пробиена долгорочната граница на Парискиот договор.

„Извештајот потврдува дека Европа и светот се наоѓаат во најтоплата деценија во историјата“, изјави генералниот директор на ECMWF, Флоријан Папенбергер, нагласувајќи дека човечката активност и емисијата на стакленички гасови остануваат главни предизвикувачи на овие екстремни вредности.

Европа ја забележа својата трета најтопла година досега, со просечна температура од 10,41 степени. Половина од копнената површина на планетата се соочи со зголемен број денови под силен топлотен стрес (над 32 степени), што придонесе за катастрофални шумски пожари во Европа и Северна Америка.

To top