Занимливости фестивал

Инфлацијата удри и по Октоберфест, еве колку ќе чини пивото

Инфлацијата удри и по Октоберфест, еве колку ќе чини пивото

Инфлацијата не го заобиколува ниту познатиот фестивал на пивото Октоберфест што секоја година се одржува во Минхен, Германија. Имено, на официјалната страница на фестивалот се појавија новите цени.

Нормално, цените на пивото се движат меѓу 7,70 и 12,80 евра, но на Октоберфест пивото е поскапо поради дополнителните трошоци. Годинава ќе се движат меѓу 13,60 и 15,30 евра, што е за 3,87 отсто повеќе од лани кога беа од 12,60 до 14,90 евра.

Покрај пивото поскапуваат и безалкохолните пијалаци. Лимонадата ќе поскапи од 11,17 на 11,67 евра, а литар вода во шише – од 10 на 10,5 евра. Според порталот „Индекс“, на чешмите бесплатно ќе се добива вода.

To top