Случајот е снимен на 24 ноември во градот Донг Хои, а епилогот е повеќе од бизарен, пренесува Метро.
Откако бил примен во болница, 35-годишникот бил прашан дали има индиции што би можело да ги предизвика проблемите, но тој не дал одговор.
Лекарите нарачале КТ скен, а кога стигнале сликите дошло до шок.
Откриено е дека длабоко во черепот има две скршени стапчиња за јадење, какви што обично добивате во кинеските ресторани!
Man didn’t know he had chopsticks lodged in his brain for five months https://t.co/WxU9HJf9UW
— Lucas Black (@LucasBlack52) November 28, 2023
Пациентот останал збунет, а потоа неговото семејство објаснило дека пред пет месеци бил вмешан во тепачка кога бил повреден.
Тој завршил во болница, но не биле констатирани, ниту пријавени повреди.
Се верува дека за време на тепачката ривалот му ги заглавил стапчињата за јадење во нос и тие се заглавиле подлабоко во черепот.
По консултацијата, лекарите извршиле ендоскопска интервенција и ги отстраниле „туѓите предмети“. Мажот е задржан во болница во стабилна состојба до целосно закрепнување.