Секое лице во Швајцарија има право на место во бункер во случај на нуклеарна катастрофа или какво било друго апокалиптичко сценарио. Ова право е загарантирано со законот што беше донесен во 1962 година, кој беше поттикнат од стравот од нуклеарни закани на светската политичка сцена.
Затоа во Швајцарија е изградена огромна мрежа на нуклеарни засолништа – повеќе од 360.000 низ целата земја, кои се претежно скриени во планините.
Најголемиот приватен бункер во Швајцарија е скриен во планините под селото Санкт Маргаретенберг и во близина на познатата бања Бад Рагац. Швајцарската планинска тврдина, попозната како Фестунг Фургелс, а понекогаш и како Форт Фуркелс, се протега на околу 30.000 квадратни метри на надморска височина од 1.220 метри.
Изграден е за време на Втората светска војна, а со текот на годините е проширен и подобрен – на пример, нуклеарни филтри и системи за преживување во случај на нуклеарна војна биле доградени.
View this post on Instagram
Неговото постоење и локација биле тајна до 2001 година, со оглед на тоа што бил во сопственост на Швајцарската армија. Оваа швајцарска планинска тврдина првично била изградена за да смести повеќе од 500 војници истовремено, без потреба да излегуваат надвор шест месеци. Денес, е во приватна сопственост – во рацете на претприемачот Ерих Брајтенмозер, кој изнајмува делови од бункерот на швајцарски компании како безбеден простор за складирање.
Оваа заштитена структура во планината има две нивоа кои се меѓусебно поврзани со лифт и коридори кои се протегаат повеќе од 10 километри. Главниот влез е доволно голем за да поминат воени камиони и тешки возила.
Бункерот има околу 500 кревети, простории за складирање оружје, голема кујна и неколку трпезарии, бањи, канцеларии и болница. Вклучува повеќе од 190 простории, генератори за производство на електрична енергија и резервоар за вода со волумен од 1,8 милиони литри.