Занимливости туристичка атракција

ФОТО: Остров на кој живеат шест пати повеќе мачки отколку луѓе, на кучињата им е забранет пристап

А, „Островот на мачките“ последниве неколку години стана и туристичка атракција.

ФОТО: Остров на кој живеат шест пати повеќе мачки отколку луѓе, на кучињата им е забранет пристап

Ташироџима е мал рурален остров близу брегот на градот Ишиномаки во префектурата Мијаги, Јапонија, и е познат како „Островот на мачките“…

На Ташироџима живеат неколку стотици мачки, а островјаните се грижат за нив. Мачињата првично биле донесени, меѓу другото, и за да помогнат околу штетниците кај земјоделските површини на островот, па оттогаш нивниот број се зголемил до таа степен, што сега се неколкукратно повеќе од луѓето на островот. Тука, инаку, има околу 80 (човечки) жители.

Риболовот одамна е важна стопанска гранка на Ташироџима. Со векови рибарите кои ловеле на островот, ги штителе и се грижеле и за полудивите мачки, бидејќи верувале дека ќе им донесат среќа. Следејќи ја оваа традиција, тие изградиле мало засолниште за мачки („Некокамисама“) во средината на островот, посветено на мачка којашто случајно била усмртена по паѓање на карпа…

Една од занимливостите тука е тоа што кучиња на островчето не се дозволени.

За мачињата се грижи и ветеринар кој доаѓа на имотите шест пати годишно и ги прегледува сите мачки за да провери дали се во ред. А, „Островот на мачките“ последниве неколку години стана и туристичка атракција.

To top