Авион на Ер Чатамс на меѓународниот аеродром Велингтон во Нов Зеланд требаше да полета на 12 јануари, но летот беше одложен бидејќи пингвин залутал на пистата.
Аеродромот објави на социјалните мрежи дека „необичен мал посетител“ залутал на пистата и персоналот морал да го фати.
Портпаролот на аеродромот изјави дека летот на Ер Чатамс се подготвувал да полета кога синиот пингвин се појавил на пистата.
-Пилотот и патниците трпеливо чекаа додека персоналот на аеродромот го бркаше животното. Нашите сензори на пистата во тоа време покажуваа 50 степени, па не е ни чудо што тие не беа особено среќни, напишаа тие во објавата на Инстаграм.
View this post on Instagram
Џек Хаворт, службеник за диви животни на аеродромот, го однел пингвинот во зоолошката градина во Велингтон на преглед, каде ветеринарите утврдиле дека станува збор за младенче старо шест недели.
„Ги оградивме пингвините за да ги заштитиме нашите пердувести пријатели од неволја во иднина“, се вели во објавата.
„Иако изнемоштено, гладно и неухрането, младенчето е во добра здравствена состојба“, изјави портпаролот на зоолошката градина за Stuff.co.nz.
Ветеринарите се обидуваат да му помогнат на пингвинот да се здебели и ќе се грижат за него додека пердувите не станат водоотпорни, изјавија официјални лица.