Истражувањето се заснова на проценката на луѓето за нивната среќа, како и на економските и социјалните податоци.
Извештајот разгледува шест клучни фактори: социјална поддршка, приход, здравје, слобода, благосостојба и недостиг на корупција. Финска е најсреќна земја во светот освојувајќи ја титулата седма година по ред.
Што се однесува на земјите од регионот, Словенија е на 21. место, Косово е на 29., Србија е на 37. место, Хрватска е на 63, Грција на 64.,, Бугарија на 81 место, Албанија на 87. украина е на 105. место, а палестинските територии на 103. место.
Авганистан откако Талибанците се вратија на власт во 2020 година, е на последното место од 143 земји. А на врвот на глобалното рангирање се скандинавските земји.