Во знак на почит кон починатиот актер Џејмс Ерл Џонс, кој го позајми гласот на ликот од „Војна на ѕвездите“, Емпајер Стејт Билдинг блесна во знакот на Дарт Вејдер.
-„Силата нека биде со тебе, Д.Е.Д.“, објавено е на официјалните профили на Empire State Building заедно со видео од моментот.
May the Force be with you J. E. J. pic.twitter.com/gTYMpJizey
— Empire State Building (@EmpireStateBldg) September 10, 2024
Додека Дарт Вејдер беше проектиран на њујоршката зграда, во позадина свиреше музика од Star Wars. Иако зад маската на Дарт Вејдер беше британскиот актер Дејвид Проуз, Џејмс Ерл Џонс беше одговорен за незаборавниот заканувачки глас со кој изговори некои од репликите кои влегоа во филмската историја, како: „Лук, јас сум твојот татко“.
Џејмс Ерл Џонс прв му даде глас на Дарт Вејдер во оригиналниот Star Wars: A New Hope (1977). Неговиот глас стана клучен дел од ликот на Вејдер, внесувајќи авторитет, сила и свежина.