Неверојатна снимка направена за првпат во историјата ги воодушеви сите љубители на природата и животните.
Речиси 700 бебиња царски пингвини се снимени како скокаат од ледена карпа висока 15 метри во студените води на Антарктикот за првпат.
Неверојатниот скок се смета за клучен обред на премин за младите пингвини, што го означува нивното прво пливање откако нивните родители веќе биле во морето, велат експертите.
Снимката, која фати момент кој досега не е снимен со камера, ќе биде дел од претстојната документарна серија наречена „Тајните на пингвините“.
Младите на царските пингвини обично првпат пливаат на возраст од околу шест месеци. Тие се собираат во големи групи и скокаат од само неколку метри во океанот или едноставно се лизгаат во водата од снегот.
Меѓутоа, на драматичните снимки неодамна снимени од истражувачот на Nat Geo, Берти Грегори, околу 700 бебиња пингвини се нашле на опасна локација и биле видени како скокаат од ледената карпа.
Берти кампувал на Антарктичкиот Полуостров следејќи јато бебиња пингвини околу два месеци пред да го види неверојатниот момент низ објективот на неговата камера.
-Обично скокаат од морскиот мраз кој е висок еден или два метри, но забележав дека оваа група се движи кон друго место. Затоа прелетав со дрон за да видам што се случува и сфатив дека се собираат на работ на огромна ледена карпа висока 15 метри, додаде тој.
Беспилотното летало на Берти сними сцена на пингвини кои ѕиркаат од работ на карпа неодлучно гледајќи надолу во океанот. Конечно, еден храбар пингвин ја презеде контролата и храбро скокна во водата.
-Еден по еден почнаа да скокаат од оваа ледена карпа за првпат да пливаат во Јужниот Океан, рече Берти.
„Не можам да верувам дека го фатија на камера“, рече
Биологот Мишел Лару не може да поверува дека ова било фатена на камера и изрази надеж и верба во способноста на царските пингвини да се прилагодат што може да им помогне да се справат со климатските промени што се случуваат на Антарктикот.