Постојат различни мислења за тоа што всушност се врвните спортисти.
Психолозите Мирек Ванек и Гвид Шилинг анкетирале повеќе од 1.000 врвни спортисти и заклучиле дека скоро сите од нив биле „многу вознемирени“.
На скалата за „анксиозност“ тие се рангирани многу високо, достигнувајќи дури 32 единици, а депресијата започнува на 33 единици.
-Врвните спортисти ризикуваат многу – од лична слава до нивниот животен стандард и егзистенција. Тие се и тешки, немилосрдни, себични, егоцентрични и често сурови, вели Ванек.
И во приватниот живот сакаат да покажат доминација, а заедно со половична агресија покажуваат и параноични склоности, па чувства сè до манија на прогон, љубомора и завист.
Идеализираната слика за врвниот спортист често е погрешна, заклучуваат овие ценети психолози.
Тие имаат малку надпросечна интелигенција (111,8 според Равен).