Занимливости омилен и кај Зет-генерацијата

Чипичанот го прослави својот 30 роденден

Воедно, продажбата на тамагочи производите, без да се вклучат видеоигри, е зголемена околу седум пати во текот на 2019 година, па наваму.

Чипичанот го прослави својот 30 роденден

Јапонската играчка тамагочи, која беше вистинска сензација меѓу децата во 1990 години, и по три децении останува популарна, особено меѓу припадниците на Зет – генерацијата , но и меѓу нивните носталгични родители.

Виртуелните миленици, кои бараат постојана грижа, храна и внимание, се продадени во повеќе од 100 милиони примероци ширум светот од нивното прво појавување, соопшти компанијата Бандаи Намко (Bandai Namco). Според нив, чипичан играчката, во последниве години повторно станува популарна и како моден додаток меѓу младите. Воедно, продажбата на тамагочи производите, без да се вклучат видеоигри, е зголемена околу седум пати во текот на 2019 година, па наваму.

Freepik

Според британскиот ланец Хемлис (Hamleys), минатата година чипичан играчката се најде на листата на 100 најдобри играчки на сите времиња, заедно со лего коцките и Рубиковата коцка. Дигиталните миленици растат во зависност од грижата што им се посветува, но можат и да „умрат“ доколку бидат занемарени.

По повод нивниот 30 роденден, Бандаи Намко организираше специјална изложба каде што посетителите, влегувајќи низ огромно бело јајце, можеа да разгледаат интерактивни инсталации и да се запознаат со историјата на „неживите“ миленици, преку десетици модели креирани низ годините. Според податоците на фирмата, речиси половина од вкупната продажба на тамагочи уредите е направена во Јапонија, 33 отсто во Америка, додека само два отсто во останатите земји од азиско-пацифичкиот регион.

To top