Авион којшто летал од Амстердам до Мексико морал итно да слета на Бермудските Острови, поради миризбата од свињите што се наоѓале во товарниот простор.
Неподносливата смрдеа се проширила во патничката кабина и го принудила екипажот да побара итно слетување. Во авионот имало 259 патници и 100 свињи, јави Кралската холандска авиокомпанија „КЛМ“.
По слетувањето, патниците биле сместени во хотели. Свињите биле прегледани и однесени со друг авион во Мексико.