Технологија Западно Придунавје

Унгарскиот регион Њугат-Дунантул единствен во ЕУ со повеќе жени ИТ експерти од мажи

За разлика од ова во Њугат-Дунантул дури 50,2 проценти од ИТ професионалците се жени, уривајќи го табуто дека овој сектор е „машки“.

Унгарскиот регион Њугат-Дунантул единствен во ЕУ со повеќе жени ИТ експерти од мажи

Во секторот на информатичка технологија во ЕУ владее полова доминација на мажите, со исклучок на унгарскиот регион Њугат-Дунантул (Западно Придунавје), кој е единствениот во Унијата каде има повеќе жени ИТ експерти од мажи.

Според податоците Европската статистичка агенција – Евростат, во европскиот ИТ сектор се ангажирани над 10 милиони лица, но само нешто под една третина или 32,2 отсто од нив се жени.

За разлика од ова во Њугат-Дунантул дури 50,2 проценти од ИТ професионалците се жени, уривајќи го табуто дека овој сектор е „машки“.

По Њугат-Дунантул, според застапеноста на жените во ИТ секторот е италијанскиот регион Марке, каде 48,6 проценти од компјутерџиите се жени, а на третото место е уште еден унгарски регион Есак-Маѓаросаг (Северна Унгарија), каде учеството на припадничките на „понежниот пол“ е 48,1 отсто.

Од друга страна, најмала застапеност на жените во ИТ секторот од само 8,3 проценти има во грчкиот регион Тесалија.

Најголем број вработени ИТ експерти има во германската покраина Баварија и тоа 476.000, пред парискиот регион Ил де Франс со 469.100 и две покраини во Германија – Северна Рајна-Вестфалија со 466.100 и Баден-Виртемберг со 434.100 информатичко-технолошки професионалци.

Најмалку, пак, ИТ експерти, под 5.000, има во грчките региони Пелопонез и Крит и во италијанскиот Болцано.

Инаку, во европскиот ИТ сектор се ангажиран 5,2 отсто од вкупната работната сила во ЕУ.

Теми на денот

To top