Meta ќе воведе модел познат како „забелешки на заедницата“, во рамките на кој корисниците ќе ги проверуваат фактите во туѓите објави. Овој систем веќе се користи на Twitter, односно на X.
Компанијата Meta, која ги поседува Facebook и Instagram, соопшти дека ќе прекине со соработката со организациите кои се занимаваат со проверка на фактите во објавите на нивните мрежи, наведувајќи дека овие организации се политички пристрасни. Наместо тоа, Meta ќе воведе модел познат како „забелешки на заедницата“, во рамките на кој корисниците ќе ги проверуваат фактите во туѓите објави. Овој систем веќе се користи на Twitter, односно на X.
До сега, нивната борба против ширењето на дезинформации изгледаше вака: по проценката на т.н. факт-чекиери дека некоја споделена информација е неточна, системот ја правеше таа објава помалку видлива, а со тоа се намалуваше шансата за нејзино понатамошно ширење. Со тоа се намалуваше бројот на луѓе кои би можеле да бидат изложени на таа лажна информација.
Меѓутоа, како што најави во официјалното видео обраќање, челникот на компанијата, Марк Зукерберг, таквата пракса наскоро ќе стане минато, „бидејќи стигнавме до точка каде што едноставно има премногу грешки и премногу цензура“.
Неодамнешните (претседателски) избори во САД изгледаат како пресвртница кон повторно давање приоритет на слободата на говорот. Затоа се враќаме на нашите корени и ќе се фокусираме на намалување на грешките, поедноставување на нашите правила и враќање на слободата на изразување на нашите платформи. Факт-чекирите беа премногу политички пристрасни и повеќе ја уништија доверба отколку што ја изградија, особено во Соединетите Американски Држави, изјави Зукерберг.
Меѓутоа, многу странски медиуми ја поврзаа таквата одлука со победата на Доналд Трамп на претседателските избори, кој претходно беше жесток критичар на Facebook.
Како сега ќе се проверува вистинитоста на објавите?
Промените во модерирањето на содржината, која досега беше карактеризирана како лажна или полувистина, означуваат драматичен пресврт во начинот на кој Meta ги обработува лажните и манипулативните тврдења на своите платформи.
Во 2016 година тие започнаа независен програм за проверка на фактите, по тврдењата дека не успеале да спречат странски актери да ги искористат платформите на Meta за ширење дезинформации и создавање раздор меѓу Американците. Во годините потоа продолжија да се борат со ширењето на контроверзна содржина на своите платформи, како што се дезинформации за изборите, вакцините, но и говорот на омраза.
Така, воведоа безбедносни тимови, автоматизирани програми за филтрирање или намалување на видливоста на лажните тврдења и започнаа некаква форма на „суд“ за одлуките на модераторите, позната како Надзорен одбор.
Но, сега Зукерберг го следи Илона Маск, кој во 2022 година, по купувањето на X, тогаш познат како Twitter, ги укина тимовите во рамките на самата компанија за проверка на фактите и воведе забелешки на заедницата кои ги генерираат самите корисници со коригирање на лажните тврдења на платформата, пренесува index.hr.