Технологија

„Опен-АИ“ изгуби тужба за употреба на текстови на песни во Германија

Регионалниот суд во Минхен денеска пресуди дека „Опен-АИ“ (OpenAI) ги прекршил авторските права за девет популарни песни.

„Опен-АИ“ изгуби тужба за употреба на текстови на песни во Германија

Регионалниот суд во Минхен денеска пресуди дека американската „Опен-АИ“ (OpenAI) ги прекршила авторските права за девет популарни песни. Тужбата беше поднесена од „Групата за музички права – ГЕМА“ (GEMA).

Германскиот Суд утврди дека американската компанија користела текстови на песни заштитени со авторски права за да го тренира својот генератор на јазични модели „Чет-ГПТ“ (ChatGPT) без потребната дозвола. „ГЕМА“ ја тужеше компанијата за вештачка интелигенција конкретно за употреба на „Atemlos durch die Nacht“ од Хелене Фишер, „Männer“ од Херберт Гренемаер и неколку други песни.

Судот ѝ наложи на компанијата „Опен-АИ“ да се воздржи од складирање на текстовите и нивно објавување во своите модели, да плати отштета и да ја објасни употребата на песните и приходите од нив. Пресудата сè уште не е конечна и веројатно ќе биде обжалена.

To top