Технологија

Новости на „Гугл мапс“ и „Вејз“

Новости на „Гугл мапс“ и „Вејз“

Американската компанијата „Гугл“ најави нови подобрувања и низа нови функции на своите апликации „Мапс“ (Maps) и „Вејз“ (Waze).

Така, една од новостите е навигацијата до влезот на одредена зграда или паркинг. Следниве недели, „Мапс“ ќе почне да ги истакнува определени дестинации и влезовите на објектите, со приближувањето корисникот на апликацијата, така што тој нема да мора „да кружи“ барајќи го влезот, објави „Кликс“.

Натаму, „Гугл“ отсега со нови опции ќе го олесни и пријавувањето инциденти преку „Мапс“. Меѓу другото, и таа икона ќе биде поголема, за побрзо и поточно ракување во движењата.

„Вејз“ добива три нови функции, вклучувајќи предупредувања за камера. Сега корисникот ќе може и да ја огледа состојбата во сообраќајот во неговата близина или да испрати информација до пријател. Предупредувањата на „Вејз“ ќе може да бидат достапни и вклучени и кога телефонот е заклучен. Надградбите доаѓаат на „ИОС“ и „Андроид“ наесен.

To top