Видеосервисот „Јутјуб“ тестира ново „лебдечко“ копче наречено „Пушти нешто (Play Something)“, коешто самото „ќе избира“ видеа за корисниците.
Копчето е забележано во апликацијата „Јутјуб“ на уреди со оперативен систем „Андроид“ – како лебди над долната лента на апликацијата. Кога корисникот ќе го допре, ова копче избира видео за корисникот и го пушта. Првичните податоци говорат дека новото копче е наменето за кусите видеа.
Во текот на годинава, „Јутјуб“ тестираше и банер со истото име, како и едноставно копче со црно-белото лого на платформата.
Ако името и концептот звучат познато – „Нетфликс“ порано имаше функција „Изненади ме“ којашто се појави во 2021 година и предлагаше содржини за корисниците. Но, тоа копче веќе не е достапно.