Инстаграм во следните неколку недели ќе започне со тестирање на нови алатки против сексторција, метод на уцена со испраќање интимни фотографии.
Меѓу алатките е и „заштита од голотија“ која ги замаглува голите фотографии во приватните пораки, а ќе биде активна за сите помлади од 18 години.
Ќе се тестираат и прозорци кои ја насочуваат потенцијалната жртва на поддршка.
Владите ширум светот предупредуваат дека се повеќе млади луѓе се изложени на ваков вид изнуда.
На жртвите често им се испраќаат голи фотографии пред да ги побараат нивните за возврат, а потоа им се закануваат со објавување доколку не се согласат со барањата на уценувачот.
Оваа недела двајца мажи се изјаснија за виновни за сексуален напад врз тинејџери и млади мажи во САД, од кои едниот се самоуби.