Технологија новитет

Instagram ја укинува end-to-end енкрипцијата

Иако Meta ја промовираше end-to-end енкрипцијата на сите свои социјални мрежи, компанијата одлучи да ја укине оваа функција на Instagram.

Instagram ја укинува end-to-end енкрипцијата

Иако Meta ја промовираше end-to-end енкрипцијата на сите свои социјални мрежи, компанијата одлучи да ја укине оваа функција на Instagram.

Не помина многу време откако Meta истакнуваше дека воведува end-to-end енкрипција во своите платформи, но изгледа дека Instagram ќе остане без оваа важна функција за приватност.

Имено, Meta не го најави укинувањето на end-to-end енкрипцијата во пораките на Instagram преку официјално соопштение или блог-објава. Наместо тоа, компанијата „тивко“ ја ажурираше својата страница за поддршка, каде сега стои дека оваа функција нема да биде поддржана по 8 мај оваа година.

„Доколку имате разговори на кои оваа промена влијае, ќе видите упатства како можете да ги преземете сите медиумски датотеки или пораки што сакате да ги задржите“, се наведува на страницата за поддршка на Meta.

Да потсетиме, end-to-end енкрипцијата обезбедува содржината на пораките да можат да ја видат или слушнат само испраќачот и примачот, додека никој друг – па дури ни самата платформа – нема пристап до неа. Токму така претходно оваа технологија ја објаснуваше и самиот Instagram.

Откако ќе се воведе промената, тоа значи дека пораките повеќе нема да бидат заштитени со овој тип енкрипција. Тоа исто така би значело дека Meta ќе може да има пристап до содржината на комуникацијата на Instagram, како и државните институции во случај на официјални барања за пристап до податоци.

To top