Новите корисници на социјалната мрежа Х, порано позната како Твитер, наводно ќе треба да платат скромна такса доколку сакаат да ја објават својата содржина.
Познатата социјална мрежа веќе експериментираше со наплата на годишна претплата од 1 долар за корисниците на Филипините и Нов Зеланд кои сакаат да објавуваат содржина и да комуницираат со други корисници на X, се со цел да се намали бројот на лажни корисници, т.н. ботови.
-За жал, мал надомест за можноста за објавување содржина во случај на нови корисници е единствениот начин за борба против постојаниот напад на ботови. Тековната вештачка интелигенција (и фармите за бот) лесно ги поминуваат проверките „дали си бот“, рече Илон Маск.
Според новите правила, новите корисници на социјалната мрежа мора да плаќаат „мал годишен надомест“ за да можат да објавуваат содржини, да лајкуваат и да одговараат на други објави. Регистрирањето профил е сè уште бесплатно, како и следењето на другите профили и прегледувањето на содржината на платформата.
Новата политика доаѓа бидејќи X се соочува со критики за неговата неспособност да го спречи порастот на спам профили кои споделуваат линкови, порнографски содржини и фалсификати, пишува Quartz.
На почетокот на овој месец, X лансираше бот и трол „чистење“ на системот, иако не е познато колку беше успешно.