Логото на социјалната мрежа „Фејсбук“, во петокот ја смени бојата на позадината во црно. Обично таа е во сина боја, но во петокот се појави со црна, а сега е откриено и зошто.
Станува збор за технички проблем, кој брзо бил решен откако повеќето корисници го пријавиле овој проблем.
Портпаролот на Мета изјави за телевизиските станици ФОКС во петокот:
„Ова беше предизвикано од технички проблем и е решено. Луѓето ќе ја ја видат промената кога ќе ја ажурираат својата апликација“.