Аналитичката компанија „Counterpoint Research“ објави извештај во кој ги наведува цените на компонентите во производството на моделот „iPhone 15 Pro Max“. Споменатиот телефон на пазарот се продава по цена од 1199 долари.
За основниот модел со 256 GB простор за складирање, „A17“ процесор и нова телефото камера, „Apple“ издвојува 502 долари за сите компоненти на телефонот во производство.
Анализата открива дека компонентите за „iPhone 15 Pro Max“ се 37,7 долари поскапи од минатогодишниот модел „iPhone 14 Pro Max“, кој исто така беше лансиран по цена од 1.199 долари.
Така, чипсетот „A17 Pro“ е 30 долари поскап од „A16 Bionic“, најмногу поради тоа што е создаден во процесот на производство на 3nm.
Телефото камерата со перископ за прв пат пристигна на „iPhone“, што доведе до зголемување на цената на комплетниот систем на камера, кој чини 25,1 долари повеќе.
Дополнително поскапување предизвика додавање на титаниумско куќиште.
„Apple“ ја зголеми количината на RAM во моделот „iPhone 15 Pro Max“, која сега е „8 GB“ (наместо 6 GB на претходникот). Поради глобалниот пад на цените на меморијата, пониска цена е забележана и во овој сегмент, како и кај екранот обезбеден од „Samsung Display“ и „LG Display“.
Интересно е што компонентите сочинуваат 42 отсто од вкупната цена за iPhone 15 Pro Max, а остатокот ги вклучува трошоците за производство, маркетинг и трошоци за истражување и развој.