Љубов и Секс совет

Осум работи кои негативно влијаат на врската: Еве зошто паровите се несреќни и покрај навидум совршениот однос

Дали некогаш сте замислувале како ќе изгледа, колку ќе биде висок, како ќе се однесува со вас, па дури и за тоа како еден ден ќе стапите во брак?

Осум работи кои негативно влијаат на врската: Еве зошто паровите се несреќни и покрај навидум совршениот однос

Дали некогаш сте замислувале како ќе изгледа, колку ќе биде висок, како ќе се однесува со вас, па дури и за тоа како еден ден ќе стапите во брак?

Но, што се случува кога оној за кој мислевте дека е вистинскиот и не е баш толку совршен? Кога ви приоѓаат другите луѓе и ви зборуваат колку се љубоморни на вашата врска, а вие немате поим зошто, нешто не е во ред. Постојат многу причини зошто некој може да биде несреќен во врската.

Еве неколку причини зошто можеби не се чувствувате комфорно во навидум совршена врска.

1. Во врска сте само затоа што тоа се очекувало од вас

Понекогаш почнувате да излегувате со некого затоа што вашите пријатели постојано ви кажуваат дека тој е совршен и дека сте луди ако го одбиете. Ова може да биде во ред на почетокот додека сè е сè уште свежо и забавно. Но, откако ќе заврши медениот месец, сфаќате дека сте заглавени со некој кој на вашите пријатели им изгледа подобро од вас. Многу луѓе излегуваат со некого затоа што тоа се очекува од нив. Дали некогаш сте биле убедени од вашето семејство да бидете со некој чии родители ги познаваат, па им изгледал совршено? Ќе останете несреќни ако сте со некого затоа што тоа го очекуваат другите од вас.

2. Романтичните филмови целосно ве уништуваат

Да бидеме реални, жените во текот на животот гледаат премногу романтични филмови кои (во повеќето случаи) поставуваат високи стандарди за нивниот љубовен живот, но и за партнерот воопшто. Жените често се толку занесени во филмовите што подоцна се обидуваат да ги преточат во реалност. Вистината е дека ако филмовите ви се водилка во љубовниот живот, ќе станете крајно несреќни. Никој нема да биде совршен како што се прикажува во филмовите. Ако очекувате премногу од вашиот партнер, големи се шансите да бидете разочарани.

3. Не знаете ни какви квалитети сакате да поседува партнерот

Да се биде со некој кој е паметен, чита и готви звучи како совршена комбинација. Но, можеби ќе го сакате само на хартија, не навистина. Многу жени бараат одредени квалитети кај својот потенцијален партнер, без да сфатат дека овие квалитети се добри само на хартија. Некои жени дури и не знаат кои квалитети им се потребни, па често завршуваат со погрешна личност.

4. Досадно ви е

Партнерот може да биде совршен и животот целосно исполнет, исто како што секогаш сте замислувале. Но, сепак можете да завршите несреќни поради еден од главните предизвикувачи – досадата. Кога ќе влезете во рутина на врската, сè може да биде совршено и онака како што отсекогаш сте сакале да биде, но брзо ќе ви здодее од истите работи – па дури и него – без воопшто да го сфатите тоа.

5. Премногу се споредувате со други парови

Многу жени можеби имаат совршена врска во која би требало да бидат среќни, но продолжуваат да се споредуваат со други парови и да наоѓаат маани таму каде што нема. Кога ќе ја споредите вашата врска со туѓа и ќе видите дека некој друг можеби е посреќен од вас, тоа може да ве натера да мислите дека нешто не е во ред со вашата врска, иако сè е совршено во ред. Затоа помалку посетувајте ги социјалните мрежи, заборавете на романтичните филмови и посветете се на партнерот и на својот живот.

6. Не се сакате себе си доволно

Ако сте несигурни и незадоволни со тоа што сте, никој друг не може вистински да ве направи среќена во врската, без разлика кој е тој. Мора да научите прво да се сакате себеси пред да бидете вистински среќни во врската. Затоа, работете на себе и извадете го најдоброто од себе и вашата врска ќе стане совршена.

7. Неблагодарни сте

Неблагодарноста е една од најлошите особини што можете да ги стекнете. Дури и ако некој изгледа ист како од вашите соништа и ги има сите квалитети што сакате да ги има вашиот партнер, ако не сте 100% среќни во врската, тоа може да значи дека сте неблагодарни. Ако мислите дека заслужувате повеќе од некој кој веќе дава се од себе, не го споделувајте тоа со никого.

За среќа, некои од проблемите можат да се решат. Единственото прашање е: Колку сте всушност среќни во врската?

8. Подраги ви се позитивните коментари отколку самиот партнер

Кога сте несреќни во навидум совршена врска, тоа може да има одредена поврзаност со фактот дека луѓето константно ви повторуваат колку вашата врска е неверојатна.

Доколку сте со некој кој им се допаѓа на вашите пријатели, тоа може да доведе до неуспех на врската доколку со текот на времето повеќе се интересирате за позитивните коментари отколку за самиот партнер.

Може да го забележите ова доколку се чувствувате несреќни кога се враќате дома на крајот од денот. Ова не можете да го забележите кога сте со вашите пријатели бидејќи тие ќе ве натераат да помислите дека сте среќни, бидејќи тие би дале сè да бидат на ваше место.

Најнови вести од Љубов и Секс

To top