Љубов и Секс совет

Научниците тврдат: Утринскиот с*кс е тајната за покачување на платата и унапредување на работа

Алармот ѕвони, вие го одложувате, а потоа правите нешто… попродуктивно. Според новото истражување на компанијата „ZipHealth“, утринскиот секс може да биде трик за успех на работа кој навистина вреди.

Научниците тврдат: Утринскиот с*кс е тајната за покачување на платата и унапредување на работа

Алармот ѕвони, вие го одложувате, а потоа правите нешто… попродуктивно. Според новото истражување на компанијата „ZipHealth“, утринскиот секс може да биде трик за успех на работа кој навистина вреди.

Клуч за покачувања и унапредувања

Истражувачите спровеле анкета меѓу 1000 редовно вработени американски работници и откриле дека оние кои практикуваат секс пред да тргнат на работа имаат поголема продуктивност, мотивација и фокус. Дури 71% од испитаниците изјавиле дека се чувствуваат попродуктивни, 70% завршиле повеќе задачи, а повеќе од половина признале дека се чувствувале посреќни и посамоуверени. Изгледа дека утринската акција носи повеќе придобивки за кариерата отколку кое било корпоративно дружење.

Резултатите се финансиски опипливи

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Речиси секој петти љубител на утринската интимност добил унапредување во последната година, додека 51% добиле покачување. Околу една третина од работниците изјавиле дека нивниот здрав сексуален живот директно влијаел на приходите или напредувањето во кариерата. Најизразен ефект имало кај менаџерите и сопствениците на компании – група која веќе има тенденција да ги оптимизира своите утрински рутини.

Подобро од утринското кафе?

Се чини дека утринскиот секс го подига расположението подобро од кафето. Дури 35% од испитаниците рекле дека им дава подобар почеток на денот од првата шолја кафе. Сепак, постои и маана – речиси една четвртина признала дека заради тоа доцнат на работа.

Припадниците на генерацијата Z се најсклони кон доцнење, а 25% од нив признале дека на работа пристигнале по утринската „акција“.

Кој најмногу практикува утрински секс?

Истражувањето покажало дека во утринската интимност предводат генерацијата X и бумерите, а потоа следат миленијалците. Според професии, најмногу го практикуваат вработените во маркетинг, угостителство и забавната индустрија, што не изненадува со оглед на тоа дека овие индустрии се базираат на енергија и самоувереност.

На врвот на листата се раководителите со 26%, а веднаш зад нив се повисоките менаџери со 23%.

Добробит за менталното здравје

Освен деловните придобивки, утринската интимност е поврзана и со подобро општо ментално здравје. Учесниците во студијата пријавиле поголема емоционална стабилност, посилна самодоверба и полесно справување со стресот во споредба со оние кои сексот го оставаат за вечерните часови. Стручњаците објаснуваат дека сексот поттикнува лачење на ендорфини – хормони кои ги смируваат нервите, го подигаат расположението и го прават проверувањето на е-поштата многу подносливи.

Поуката, изгледа, е едноставна. Пред да се провери е-поштата, да се тргне на работа или да се испие кафе, можеби е време за една брза утринска „сеанса“. Во работната култура опседната со трикови за продуктивност и решенија против истоштение на работа, ова решение изгледа речиси премногу едноставно за да биде вистинито.

To top