Кога ќе забележите зелен круг околу жолчката, дали треба да јадете такво јајце или не? Сигурно барем еднаш ви се случило да го забележите тоa по готвењето.
Зеленкаста или зеленкаво сивата боја на јајцата е визуелен доказ за железен сулфид, хемиско соединение кое се формира помеѓу жолчката и белката. Настанува затоа што железото од жолчката реагира со водородниот сулфид од белката кога јајцето е преварено. Вака подготвено јајце може да се јаде, пишува Huffington Post.
Зелениот прстен може да биде предизвикан и од големо количество железо во водата во која се вари јајцето, пишува extension.umn.edu, кој исто така истакнува дека зелениот прстен не е опасен по здравјето.
Меѓутоа, предолгото варење на јајцето ја влошува сварливоста на протеинот што го содржи и го намалува неговиот квалитет.
Ако сакате јајцето да биде меко варено, ставете го во топла, но не зовриена вода, а потоа варете го околу четири и пол минути од моментот на вриење. Тргнете го од оган и оставете да одмори една минута.
Ако сакате тврдо варени јајца, тие треба да се варат осум минути од моментот кога водата ќе зоврие, пожелно е потоа да ги потопите во ладна вода, бидејќи така полесно се отстранува лушпата.