Храна и Пијалаци

Зад добриот вкус лежат многу хранливи материи, ОВА овошје може да се јаде цела година

Зад добриот вкус лежат многу хранливи материи, ОВА овошје може да се јаде цела година

Кивито за првпат станало популарно на Нов Зеланд, а плодовите на ова овошје денес ги уживаат луѓето ширум целиот свет. Зад добриот вкус лежат многуте хранливи материи, како што се витамин Ц, К и Е, фолна киселина, калиум, растителни влакна и антиоксиданти.

Кивито може да се консумира цела година. Следат некои од здравствените придобивки од ова овошје…

Антиоксидансите, односно витаминот Ц го подобрува имунолошкиот систем и помага во спречување настинка и грип. Натаму, како што покажуваат и научните истражувања, консумирањето три киви на ден
може да го намали крвниот притисок. Причината за ова е што ова овошје содржи лутеин, што исто така, е моќен антиоксиданс.

Кивито (како и повеќето овошја) содржи и многу растителни влакна, а тие пак, поволно влијаат на целокупниот систем на варење. Кивито го подобрува и видот.

За повеќето луѓе, кивито е безбедно за јадење, но кај оние кои се алергични на ова овошје, може да се појави отечен јазик, осип, тешко голтање, па и повраќање.

To top