За време на празниците уживајте во богатиот и раскошен вкус на ролат со мелено месо.
Малку време ви треба да направите ролат со мелено месо, а идеален е за празничната трпеза.
Состојки:
500 гр мелено месо
кромид
една лажичка црвен пипер
јајце
две кришки леб
половина децилитар млеко
две чешниња лук
бибер, сол
За фил:
пет варени јајца
Подготовка:
Скршете го лебот и натопете го во млеко. На масло пропржете го ситно исечканиот кромид, додадете го во меленото месо, зачинете, па соединете го со лебот натопен во млеко, јајце, лук и сечкан магдонос. Разредете го месото, ставете излупени варени јајца, покријте ги со месо и со рацете обликувајте ролат.
Загрејте ја рерната и испечете го ролатот – готов е кога месото ќе порумени. Одличен е кога е топол, но може да се сервира и ладен.