Храна и Пијалаци Рецепт

Вкус кој ќе му се допадне на целото семејство, направете си домашен кечап

Одличен е за домашна пица, лазањи и друго јадење

Вкус кој ќе му се допадне на целото семејство, направете си домашен кечап

Време е да направите домашен кечап, вкусен и здрав без конзерванси.

Состојки:

1 кг излупени домати
200 грама моркови
200 грама кромид
2 големи чешниња лук
3 лажички морска сол
50 грама шеќер
1 лажиче оригано
5,6 листови босилек
1 рака сецкан магдонос
5 црвени пиперки
1 лажица сенф
6 листови целер
3 ловорови листови

Подготовка:

Направете мал засек на измиениот домат и потопете го во врела вода неколку минути, излупете го, кората ќе падне сама од себе, потоа изблендирајте.

Во 4 дл вода, исечете го кромидот, морковот, лукот, пиперката и листовите целер на помали парчиња и гответе десет минути. Изблендирајте сè и измешајте со доматот, додавајќи го ловоровиот лист и сенфот и гответе на средна температура околу 15 минути. Потоа додадете ги останатите зачини и гответе уште неколку минути, тргнете од шпоретот, извадете го ловорот и истурете во стерилизирани тегли.

Сервирање:

Одличен е за домашна пица, лазањи и друго јадење. (МИА)

To top