Секогаш кога подготвувате јадење со тестенини, помислете само на разновидноста што ја овозможуваат различните форми – шпагети, фузили, макарони, њоки…
Потребни состојки:
(за 6 лица)
400 гр тестенини
300 гр чаден кашкавал
1 модар патлиџан
1 лажица пченично брашно
сол
За сосот:
50 мл маслиново масло
50 гр црвен кромид
2-3 чешниња лук
2 конзерви пелат (800 гр)
50 мл бело вино
2 лажички шеќер
1 лажица вегета
Подготовка:
На загреано маслиново масло пропржете го ситно сечканиот кромид додека не порумени.
Додадете сечкан лук и покријте со вино. Гответе додека не испари виното, а потоа додадете крупно исечени пелати, вегета и шеќер. Варете на тивок оган околу 20 минути.
За тоа време модриот патлиџан исечкајте го на коцки, посолете го, исцедете го и исушете го.
Вишокот брашно просејте го за модриот патлиџан да не впие премногу маснотии, па кратко пропржете го во длабоко масло.
Во меѓувреме, сварете ги тестенините во исцедете ги.
Варете ги според упатството на пакувањето, кое варира во зависност од видот на паста што сте ја одбрале.
Готовиот сос измешајте го со 200 гр чаден кашкавал исечкан на коцки, пржениот патлиџан и сварените тестенини.
Се става во огноотпорен сад и се посипува со преостанатиот чаден кашкавал, но изрендан, и се пече во загреана рерна на 200°C околу 10 минути.
Послужување:
Пред сервирање, испечените тестенини посипете ги со исечкан свеж босилок.
Совет:
Наместо модар патлиџан, можете да користите тиквички кои не треба претходно да ги посолите. Скробот од брашното им овозможува на коцките модар патлиџан да ја задржат својата форма и цврстина, без разлика на понатамошниот тек на подготовка.