Храна и Пијалаци вкусен ручек

Терјаки лосос

Терјаки лососот е едноставно, а многу вкусно јадење кое комбинира лосос со богат, слатко-солен терјаки сос. Идеален е за брз ручек или лесна, но впечатлива вечера.

Терјаки лосос

Состојки (за 1 лице):

  • 200 грама свеж лосос

Маринада:

  • 1 лажичка сусамово масло
  • 1 лажичка кафеав шеќер
  • 2 лажици соја сос
  • 1 лажичка оризов оцет
  • 1 чешне лук (рендан)
  • 1 лажичка рендан ѓумбир

За декорација:

  • тостирани сусамови семки
  • млад кромид

 

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Подготовка:
Измешајте ги сите состојки за маринадата и ставете го лососот да се маринира во фрижидер околу 10 минути. По 10 минути, извадете го лососот од маринадата и отстранете ги парчињата ѓумбир и лук. Печете го лососот на хартија за печење, во загреана рерна на 200 °C, околу 10 минути.
Во меѓувреме, остатокот од маринадата варете го на тивок оган 1–2 минути додека малку да се згусне. Доколку е потребно, додадете уште малку соја сос, оризов оцет и кафеав шеќер. Кога лососот е готов, прелијте го со подготвениот сос и посипете го со тостирани семки од сусам и ситно сечкан млад кромид.

To top